Околу еден милион евра од тајните фондови на грчкото МНР биле искористени за финансирање на медиуми во Македонија и Албанија и за поддршка на православни цркви, според информациите што ги објавува информативниот грчки портал Ајефимерида (iefimerida).

Како што јави дописничката на МИА од Атина, за конкретниот текст реагираше претседателот на грчкиот Парламент и кабинетот на Ципрас, а според „Ефимерида тон синдактон“, обвинителството наредило истрага за објавување доверливи информации.

На прашањата на потпретседателите на Парламентот зошто биле финансирани медиуми во Македонија и Албанија, според Ајефимерида (iefimerida), било објаснето дека тоа е „за да постојат позитивни натписи за Грција и да се лобира врз тамошните новинари или раководствата на медиумите во корист на грчките интереси“.

Доцна синоќа, според „Ефимерида тон синдактон“, Обвинителството во Атина наредило итна истрага за објавување доверливи информации, по написот на грчкиот информативен портал.

SHARE

Оставете Коментар