Грчка „Иефимирида“  го обвини македонскиот премиер дека провоцира со изјавата дека македонскиот јазик ќе се предава и во училиштата во Грција согласно Преспанскиот договор.

Во повикот до опозицијата да гласа за договорот, „премиерот на Скопје истакна дека особено за ‘Македонците’ од Егејот речиси ништо не се случило во изминатите 27 години – од независноста на  ‘Македонија’ – и дека со договорот постои можност  ‘македонскиот’ јазик да се предава во нашата земја“ пишува весникот.

„Земјата останува иста, јазикот ќе биде признаен од сите, а Македонија ќе стане дел од сите меѓународни организации“ рече Заев, пренесува весникот, додавајќи дека се создаваат услови дури и за можно настава на „македонскиот“ јазик во северниот дел Грција.

SHARE

Оставете Коментар