ИФИМЕС: Две третини граѓани ќе излезат на референдумот!

Вкупно 63,6 отсто од граѓаните ќе излезат на претстојниот референдум, а од нив дури 67,3 отсто се зачленство во ЕУ и НАТО со прифаѓање на преспанскиот договор, покажува испитувањето на Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) од Љубљана.

На референедум нема да излезат 17,4 отсто, а 15,4 отсто не се за членство во овие две организаци, покажува анкетата спроведена од 1 до 10 септември врз 1.218 испитаници во сите 6 изборни единици, пренесува МИА.

Анкетата е  дел од анализата за актуелните случувања во Македонија што ја прави ИФИМЕС под наслов „Македонија бира меѓу(само)изолација и евро-атлантска иднина“.

SHARE