ИФИМЕС: Референдумот ќе успее, но руско-српски хакери ќе го уништат!

На Македонија и се заканува силен хакерски напад на денот на референдумот, најверојатно од Русија или од Србија,со што би се направил обид да се поништи волјата на народот, тврди Mеѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) од Љубљана, Словенија во својата анализа на заканите со кои се соочува Македонија до и пред референдумот.

Институтот во петокот ги објави и резултатите од нивната анкета на јавното мислење во Македонија за излезноста, според која најмалку две третини од македонските граѓани ќе излегле на референдумот и ќе гласале „за“.

Во анализата насловена „Референдум во Македонија 2018: Македонија избира помеѓу (само) изолација и евро-атлантска иднина?”, ИФИМЕС тврди дека. освен дел од внатрешните фактори, клучните предизвици за Македонија пред претстојниот референдум на 30-ти септември, доаѓаат од надвор и ги лоцира во јавното противење на членството на Македонија во НАТО од страна на Србија и на Русија. Двете држави, тврди институтот, го зајакнале безбедносно-разузнавачкото присуство во земјава, со цел да се обидат да ја дестабилизираат пред претстојниот референдум.

Не случајно,посочува институтот, претседателот на Србија Александар Вучиќ пред референдумот ја иницираше приказната на границите, размена на територии и наводно решение на албанско-српскиот конфликт. Сè е насочено кон Македонија, во обид да се спречи успешен референдум во таа мултиетничка земја, со што ќе се спречи нејзино членство во НАТО.

Ниту една серизна анализа, секако, не смее да мине без озлогласените хакерски напади од Русија,, овој пат, според ИФИМЕС, во придружба на Србија.

„Се очекува силен хакерски напад врз Македонија со цел промена на волјата на граѓаните и спречување на успехот на референдумот. Сепак, зад ова се крие веројатно главната причина, а тоа е фактот дека по успешниот референдум следи долгоочекуваниот признавање на канонската автокефалност на Македонската православна црква (МПЦ), која заеднички сакаат да ја спречат Србија и Русија (анализата е,најверојатно, правена пред патријархот Вартоломеј да каже дека МПЦ никогаш нема да биде признаена додека е македонска, н.з.).

Најзагрижувачки е фактот дека во близина на македонско-српската граница, во Ниш, се наоѓа српско-рускиот хуманитарен центар, кој неофицијално претставувал руска воена база во Србија и ја загрозувал националната безбедност на Македонија и Косово, не информира ИФИМЕС во својата анализа.

„Наместо да го повлече својот безбедносен разузнавачки апарат од Македонија, Србија дополнително го зголемува со назначувањето на контроверзниот Раде Булатовиќ за советник за безбедност во Српската амбасада во Скопје. Тој е поранешен директор на безбедносно-информативна агенција (БИА) на Србија. Претходно, советник беше Горан Живаљевиќ, поранешен заменик-директорот на БИА, кој учествуваше во настаните во македонскиот парламент на 27 април 2017 година. Режимот во Белград имаше тесни врски со режимот на Груевски-Мијалков и тие односи се одржуваат и до денес“, ги наведува ИФИМЕС причините поради кои навеле вакви заклучоци во анкетата.

SHARE

Comments are closed.