Илир Мета го посети Пустец – најави дека таму и ќе летува (ВИДЕО)

Албанскиот претседател денеска престојуваше во Пустец, а повод за посетата на општината со девет села населени со етнички Македонци крај Преспанското Езеро, беше официјалниот старт на туристичката сезона.

„Заедно со локалните власти ја отвориме туристичката сезона во општина Пустец. Ги повикувам домашните и странските туристи да дојдат и да се запознаат со природните убавини во оваа област, посебно Преспанско Езеро, извонредната гостопримливост и традционалните јадења. Воодушевува црквата „Света Богородица“ на островот Мал Град. Ѝ посакувам успешна туристичка сезона на општина Пустец, каде одлучив дел од летниот одмор да го минам и јас“ изјавил претседателот Мета.

Домаќини на шефот на албанската држава во Пустец ,беа заменик градоначалникот, Андон Јани, Васил Стерјовски, секретар на Македонска Алијанса за Европска Интеграција (МАЕИ) и отец Алексо Темелко, пренесе „Илинден“-Тирана.

По прошетката со чамец по Преспанско езеро, претседателот со домаќините ја посетија црквата на островот Мал Град, како и црквата „Света Богородица“кој  споменик на културата заштитан од државата.

Оставете Коментар