Претседателот на соседна Албанија денеска ќе допатува во Македонија по повод одбележувањето на 22 ноември – Денот на албанската азбука и 550 годишнината од загинувањето на Ѓерѓ Кастриот – Скендербег.

На 17 ноември албанскиот претседател беше во Битола по повод одбележувањето на 110 годишнината од Конгресот во Битола на кој во 1908 година била стандардизирана албанската азбука.

Тогаш Мета се сретнал со претставници на Албанците во Македонија и со министерот за култура, Асеф Адеми, соопшти албанската ТВ „Топ ченл“.

За посетата на Мета новинарите од Битола дознаа од социјалните мрежи, откако претседателот на Албанија на својата фејсбук страница објави фотографии од неговата посета на Музејот на албанската азбука во Битола.

Денеска Илир Мета во придружба на претседателот на ДУИ,Али Ахмети, претседателот на Собранието, Талат Џафери и вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи ќе прошета низ Старата скопска чаршија, каде ќе положат цвеќе пред споменикот и муралот на плоштадот Скендербег.

SHARE

1 Коментар

Оставете Коментар