Loading...

Вечерва со почеток во 20 часот ќе се одржи голем протест под мотото „Македонија ќе победи“ пред владата на Република Македонија во организација на ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓани од сите градови доаѓаат да го искажат своето незадоволство од работата на владата предводена од СДСМ и Зоран Заев.

„Да застанеме сите заедно рамо до рамо пред владата и да го покажеме македонскиот непокор“ – повикуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

На Македонија и се потребни итни избори поради погубните политики на актуелната влада порачуваат организаторите.

Лидерот, Христијан Мицкоски, кој се очекува да се обрати на вечерашниот митинг, ги повика сите граѓани кои се разочарани од владеењето на премиерот Зоран Заев, а не се членови на ВМРО-ДПМНЕ, да се приклучат на протестот.

На социјалните мрежи се појавија фотографии од десетици автобуси кои се упатија кон главниот град.

Во центарот на градот веќе е воспоставен посебен сообраќаен режим:  булеварот „Илинден“ ќе биде затворен во двата правца, а од 20 часот затворен ќе биде и мостот „Гоце Делчев“ со пренасочување на сообраќајот по околните улици.

Поддршка за протестот во Скопје дојде и од нашите иселеници о Австралија, Берлин, Париз каде беше искажано незадоволство кон политиката на владата особено околу актуелниот спор за името…