Илјадници демонстранти маршираа низ главниот град на Полска вчера на протестот на кој побараа повисоки плати во јавниот сектор, со што упатија силна порака до владејачката Партија на законот и правдата (ПиС), пред локалните избори во октомври.

ПиС, економска левичарска партија со конзервативна социјална агенда, дојде на власт во 2015 година, ветувајќи поддршка на помалку привилегирани Полјаци.

Синдикатите бараат повеќе државни пари, особено за платите во јавниот сектор, вклучително и образованието и здравството, бидејќи економијата напредува со стапка што е меѓу највисоките во Европа.

„Не можеме да живееме од плата до плата … Нашите семејства гладуваат”, изјави Јан Гуз, шеф на синдикатот ОПЗЗ пред демонстрантите, пренесе Ројтерс.

ОПЗЗ, кој го организираше маршот, има околу 500.000 членови низ целата земја.

SHARE

Comments are closed.