Илона Захариева од Италија: Не легитимирајте им го предавството!

Претседателката на македонското здружение „Камен мост“ од италијанското гратче Канели, Илона Захариева, преку својот профил на „Фејсбук“ му се обрати на македонскиот народ со порака пред референдумот.

„НАРОДЕ МОЈ МАКЕДОНСКИ
Замислете само колку е лицемерно од Рада, Анѓушев, Заев, кои за време на ‘режим’ станаа милионери, да ве убедуваат дека еве сега ве ослободиле и ќе сте тргнеле напред.
Како тоа тие оделе напред во таков режим?
Да го лажеш сопствениот народ дека гласа за влез во ЕУ и НАТО, а всушност гласа за себеукинување, е подметнување на кукавичко јајце.
Неодговорно е од страна на оваа инсталирана власт да се расфрла со народните пари за некаков си референдум од кој исходот е неважен. Оваа инсталирана власт веќе се огради од исходот, односно најави занемарување на резултатите во случај да не се позитивни. Имаат полни усти ДЕМОКРАТИЈА, а ќе ја занемарат народната волја.
Без срам и достоинство му продаваат на напатениот народ влез во ЕУ, кој нема да се случи сигурно уште дваесетина години, додека ти е срам да ги слушаш како ќе ги отвореле портите на рајот, бидејќи само таму го има она што ви го ветуваат.
Во меѓувреме, безобразно ве крадат пред нос, транспарентно и домаќински, делејќи тендери и стипендии на блиски членови на нивните семејства, однесување кое е кривичен прекршок во таа Европа во која ќе ве внеселе.
Огромно задолжување на државата, без притоа никаква реализација на капитални инвестиции, кредити кои ќе си поседат во банките, а потоа ќе ги снема, ќе завршат во џебовите на лажните душегрижници, како што, впрочем, се има случено и порано.
Ние што имаме повеќе од 30 години, добро се сеќаваме на нивното владеење.
Не дозволувајте да ве излажат! Не легитимирајте им го предавството!
Не излегувајте на референдум. Заев и компанија сами нека одговараат за овој етноцид“, напиша првиот човек на најголемата организација на македонската дијаспора во Италија.

 

1 Коментар

Оставете Коментар