Им олесна во Атина: Заев и Димитров се „на иста линија“

Во изминатите неколку дена во грчката влада се проценуваше дека доцнењето на телефонскиот разговор на Зоран Зев со неговиот грчки колега, Алексис Ципрас, се должи на несогласувањата меѓу македонскиот премиер и неговиот прв дипломат, за кој се чинеше дека има поконзервативна преговарачка позиција.

Но, пишува „Ефимирида“, премиерот Заев лично ги демантираше таквите шпекулации откако на „Твитер“ вчера постираше фотографии со Димитров и во друштво на нивните сопруги со пропратниот коментар „На иста линија“ .

Според некои информации, долгонајавуваниот телефонски разговор на македонскиот и грчкиот премиер би требало да се случи денес, но од македонската влада синоќа демантираадека такво нешто е договорено.