Владата на Алексис Ципрас треба да докаже дека има неопходно парламентарно мнозинство за да го поддржи договорот за името пред тој да биде потпишан од грчкиот премиер Алексис Ципрас и од неговиот колега од БЈРМ, Зоран Заев, соопшти официјален претставник од Неа демократија кој сакал да остане анонимен.

Најголемата опозициска партија размислува да покрене предлог за гласање доверба на владата, а причина е договорот за името на поранешната југословенска Република Македонија (ФИРОМ), објавен во вторникот, пренесува „Катимерини“.

Конзервативната партија очекува одговор од владата до крајот на денот.

Претпладнево, лидерот Киријакос Мицотакис го опиша договорот за името како „длабоко проблематичен“ и  го повика претседателот Прокопис Павлопулос да интервенира за договорот да се дебатира во парламентот пред да биде потпишан, а не потоа.

Претходно, портпаролот на СИРИЗА ја повика Неа демократија да го стори тоа…

SHARE