Има ли шанси балканскиот рис

Loading...

Само околу 40 балкански рисови сé уште живеат на планините на Албанија и соседна Македонија

Од 2006 година активирана е регионална иницијатива насочена кон спречување на исчезнување на рисот.

Албанија, Косово, Македонија и Црна Гора се дел од програмата за проширување на заштитните зони за ова животно кое е загрозено, а целта е да се подигне свеста, особено меѓу младите, да прекине уништување на шумите и да се спречи ловот. Тоа е предизвик, но има знаци на надеж.

„Доказите и документирањето на присуството како и за репродукцијата на рисот, дава надеж за опстанок на видот“, вели Диме Меловски од Македонското еколошко друштво.

Балканскиот рис „е најзагрозениот рис во светот“, додава тој.

Популацијата на рисови во моментов е концентрирана во Албанија и во Македонија.

Меловски вели дека „во моментов се смета за малку веројатно“ дека балкански рис има во Црна Гора и Грција.

Во 1970 –те години, во регионот имало околу 280  единки на балкански рис, велат експертите.

Во 90-те на минатиот век во Албанија се случи неконтролираното уништување на шумите со штобеше уништен и природниот животен простор на балканскиот рис.