Името е формата, а суштината е промена на идентитетот, смета бугарски дипломат

Спорот за името на Македонија меѓу Скопје и Атина е само формата, а во суштина барањето на јужниот македонски сосед е промена на идентитетот на народот што живее на север од Грција, смета бугарскиот дипломат Љупчо Трохаров.

„Уште со објавувањето на независноста на Република Македонија, Грција ултимативно го постави прашањето за промена на името. Но, брзо стана јасно дека името е формата, а суштината е да се промени идентитетот на тој народ во Македонија, бидејќи тој идентитет и таа политика што се следи во таа нова држава го поттикнува студенилото во односите, кое значи – претензии на Република Македонија кон некакво свое македонско население, а тоа значи и кон одредени територии на Грција“, рече Трохаров на меѓународната конференција „140 години македонско прашање“ во Благоевград.

Според поранешниот бугарски амбасадор во Хрватска и во Босна и Херцеговина, македонското прашање не е случајно или вештачко, туку многу сериозно од гледна точка на интересите на двете страни.

„И не само тоа. Прашањето ги засега непосредно националните интереси на уште три држави во регионот – Бугарија, Албанија и Србија, кои имаат историски, национални и етнички врски со географската област Македонија. Тоа прашање многу брзо се интернационализира, стигнувајќи до Обединети нации, Европска унија, НАТО, меѓународни организации итн.“, додава Трохаров.

 

3 Коментари

  1. Сега сме како Република Македонија признаени од 137 држави во ООН, а се гласа со простото мнозинство во сала на ГС на ОН! Ако е во сала 80, ни треба 41 држава! Ако е во сала 100, ни треба САМО треба 51. Бројките се јасни 137+19 (со кои немаме односи, а кои би не призанле под РМ) =156 држави!!. И да одземе 20 проценти од оваа бројка тоа е над 120 СУГУРНИ ГЛАСАЧИ.
    Споредено со Косово, косовраите немаат ниту 90 сигурни гласови во УНЕСКО. Ние имаме 30 проценти подобра ситуација од Косово, а на нив и фали само 3 земји! Нас ништо не ни фали со потребен број.
    Ние имаме 25 гласачи повеке!!! Математиката е јасна.

  2. Се додека не се примени Стратегијата за името на проф. д-р Игор Јанев во Генералното собрание на ООН и Меѓународниот Суд на Правда проблемот со името нема да се реши! Се друго е празна прикаска. Споровите за државните имиња во меѓународното право не постојат. Сега сме како Република Македонија признаени од 137 држави во ООН, а се гласа со простото мнозинство во сала на ГС на ОН! Ако е во сала 80, ни треба 41 држава! Ако е во сала 100, ни треба САМО треба 51. Бројките се јасни 137+19 (со кои немаме односи, а кои би не признале под РМ) =156 држави!!. И да одземе 20 проценти од оваа бројка тоа е над 120 СУГУРНИ ГЛАСАЧИ.
    Споредено со Косово, Косовраите немаат ниту 90 сигурни гласови во УНЕСКО. Ние имаме 30 проценти подобра ситуација од Косово, а на нив и фали само 3 земји! Нас ништо не ни фали со потребен број.
    Ние имаме 25 гласачи повеќе!!! Математиката е јасна.

  3. Препораките на Советот за Безбедност не се предмет на поништување или на замена или дерогирање. Рез. 817. препорака на Советот за Безбедност НЕ е предмет на поништување или дерогирање! За ова види во AJIL. Повеке види во МСП Советодавната јурисдикција.
    СБ нема примарно место во одлуките за чланство и статусот во ОН, туку Генералното собрание, така да ние не ја менуваме препорака на СБ 817, туку продолжуваме членството. Генералното собрание донесува одлука, на ПРЕПОРАКА на СБ. Одлуките на ГС се обврзувачки по статусни прашања за ООН! Ние само ја применуваме постапката на МСП од 1948 , види АЈИЛ (1999). Тоа се е птоврдено во мег. право. Исто така треба да се каже и следното. Проблемот не е БЕЗБЕДНОСЕН, како што лаички се мисли во Македонија, бидејки за безбедносни прашања Генесек редовно поднесува извешати до ООН. Сега ако ги прекинеме преговори за името, Нимиц може само да поднесе извештај до Генесек, а овој може а и немора да се пожали до Советот за безбедност. Но Советот за безбедност неможе донесе каква било резолуција со која би оневозможил акција во Генералното собрание на ООН или Мегинародниот суд за правдa.Советот при овој процес не може да донесе обврзувачка резолуција.
    Општото правило дека една безбедносната резолуција при нејзино „поништување“ или тнр. „дерогирање“ мора да биде заменета со другата безбедносната резолуција (пр. Рез. 817 со некоја друга) не важи за приемните резолуции на Советот за безбедност во ООН, посебно ако не се спомнува Глава VII од Повелбата или повикување на мерки воведени со „цел зачувување на мирот и безбеност”, а ово не е случај ниту со Резолуцијата 817, ниту со Резолуцијата 845 на Советот. Овие две резолуции не се „безбедносни“ акти и проблемот не е „заклучан“ во Советот за безбедност.
    (Доколку пример Резолуцијата на Советот беше од „безбедносен“ карактер Македонија не би ни можела да се зачлени во ООН. Ова важи и за секоја држава која аплицира за членстово во ООН односно Приемните резолуции не смеаат да содржат безбедносните елементи или да имаат „безбедносен“ карактер. Односно Македонија ниту, имала, ниту има активен спор со ниту една држава членка на ООН).
    Битно е да се знае дека правен принцип на САМООПРЕДЕЛУВАЊЕ (JUS COGENS), не се однесува само на народи и не е само колективното право, туку ДРЖАВНО ПРАВО те. меѓународно право на државата. (Покрај човековите колективни права, постојат и следните категорији-области права: 1. Права на ДРЖАВИ; 2. Права на земји КАНДАДИАТИ за ЧЛЕНСТВОТО во ООН; 3. ПРАВА НА ДРЖАВА ЧЛЕНКА на ООН. Токму за овие последните три категории права станува збор.).

Comments are closed.