Името ќе го дадеме преку телефон

Loading...

Како што дознава expres.mk целата операција за промена на името на техничко меѓувладино ниво во моментов ја водат двајца премиерски советници.

Бојан Маричиќ, специјален советник на Заев и Емануел Калпадакис човек од доверба на Ципрас одговорен за македонското прашање во неговиот кабинет.

Тие двајца според грчки владини извори се во постојан телефонски контакт и ги договараат деталите за договор.

Целата операција на договарање треба да заврши со средба на Ципрас и Заев во Преспа во местото Пили на почеток на јуни каде што во 2010 година се сретнаа тогашните премиери Груевски и Папандреу.

Дел од грчките медиуми, ги објавија чекорите со кои треба да се дојде до финализирање на договорот за името.

Планот е откако ќе завршат преговорите на експертските тимови за техничките и правните прашања, да следува телефонски разговор на Заев и Ципрас, што според државната телевизија „ЕРТ“, би се остварил до четврток или петок.

Грчката телевизија „Скај“ објави дека прашањето со ерга омнес и понатаму е разликата во позициите на двете страни, но во грчката влада се уверени дека Заев ќе им јави дека Македонија прифаќа Ерга омнес и измена на Устав за Северна Македонија.

9 Коментари

  1. Сакате да кажете – на името ќе му додадеме одредница.

  2. НАЦРТ РЕЗОЛУЦИЈАТА НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ

    Генералното собрание,

    Земајќи предвид дека “Поранешната Југословенска Република Македонија”, примена во членството на Обединетите нации во 1993 година, со Резолуцијата 47/225, по препорака на Резолуцијата 817 (1993) на Советот за безбедност, до денес беше признаена од страна на огромно мнозинство од членовите на Обединетите нации со неговото уставно име и дека преговорите со Грција во врска со името на држава не дадоа никаков исход,

    Имајќи ги предвид членовите 2 (особено пара. 1, 4, 7) и 4 (1) од Повелбата на Обединетите нации,

    Земајќи ги предвид и резолуциите на Генералното собрание 113 / II од 1947 и 197 / III од 1948 година, а особено Советодавното мислење на Меѓународниот суд на правдата доставено на 28 мај 1948 година, во врска со неприфатливоста на предусловите за членство надвор од опсегот од исцрпните услови од член 4 (1) од Повелбата на Обединетите нации,

    Потврдувајќи дека секоја држава природно има вродено право на име и тоа дека определување на имињата на државата претставува предмет на нивната суверена домашна јурисдикција,

    Потврдувајќи исто така дека имињата на државата како правен идентитет на меѓународните субјекти се суштински елемент на нивната правна личност и нивната државност,

    За да се реши долготрајниот невообичаен и неприфатлив членски статус на една членката на Обединетите нации, прашањето кое потекнува од необичните резолуции за прием во ОН со кои се утврдуваат предуслови надвор од опфатот на сеопфатните услови од член 4 (1) од Повелбата на Обединетите нации, а исто така и со цел да се заштити поредок на Обединетите нации, а особено правното претставување во системот на Обединетите нации,

    Донесе одлука да го продолжи членството на државата, привремено реферирана како “Поранешна Југословенска Република Македонија”, под нејзиното официјално уставно име Република Македонија.

  3. РЕЗОЛУЦИЈА НА СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ – Советот за безбедност, – Земајќи предвид дека земјата кандидат ги ИСПОЛНУВА УСЛОВИТЕ за прием во ОН, се предлага Генералното собрание на ОН да ја прими земјата во членство. Но бидејќи се појави разлика околу името која Советот за безбедност ја оцени како опасност по безбедноста,мирот и добрососедските односи во регионот, предлага земјата кандидат да биде примена во ОН под референца ПЈРМ, привремено, додека не се најде решение, а земјите инволвирани во проблемот да најдат компромисно решение во меѓусебни преговори СО ЦЕЛ ДА СЕ СОЧУВА МИРОТ И ДОБРОСОСЕДСКИТЕ ОДНОСИ ВО РЕГИОНОТ.

    • Случајот со Ерусалим покажа дека СБ на ООН со ВЕТО НЕ МОЖЕ да не блокира да одиме на Генералното собрание на ООН, и продолжиме членството во ОН под Република Македонија.
      Проф. Игор Јанев е врвен експерт, член на повеќе Академии на Науки во Светот и поранешен висок советник на ООН.

Comments are closed.