Името не е најголемата пречка во разговорите, смета грчки професор

Николаос Ѕифакис, професор на Универзитетот на Пелопонез и член на Советодавна група за политиката за Балканот во Европа (БиЕПАГ), смета дека името на Македонија не е најголемата пречка во разговорите со Грција и оти проблемот е на друго место.

„Четири од петте предлози на Метју Нимиц, посебно Нова и Горна Македонија, се прифатливи за Атина. Навистина, државното име, се чини, не е најголемата пречка во билатералните разговори. Најважните предизвици лежат на друго место“, изјави тој за „Јуропиен Вестерн Балканс“.

„Грција очекува поранешната југословенска Република Македонија да го промени својот Устав со цел кое и да е решени да биде применето и дома исто така. Скопје, пак, сака договорот веднаш да ја отклучи неговата евроатланска интеграција, и покрај фактот што целосната имплементација на договорот може да потрае неколку години“, објаснува професорот.

Ѕифакис ја оценува „Република Илинденска Македонија“ како најмалку прифатливо решение за Атина, користејќи ја македонската латинична верзија за сите предлози за името актуелни во моментов.

„Идејата на Заев за компромисно решение ‘Република Илинденска Македонија’ не доби голема поддршка од Атина. Неколку грчки политички партии гледаат на поврзувањето на нивниот северен сосед со Илинден како потврда на иредентистичките ставови на Скопје. Во Атина се аргументира дека и ‘првиот’ и ‘вториот’ Илинден (1903 и 1944) беа поврзани со аспирациите за обединување на целиот македонски регион, моментно поделен меѓу Грција, поранешната југословенска Република Македонија и Бугарија. Од оваа гледна точка, ‘Република Илинденска Македонија’ се чини многу полош избор од кој и да е друг од предлозите што сега се на маса“, вели тој.

 

1 Коментар

  1. Грција НЕМА монопол врз историското наследство на Античка Македонија !
    Македонска Влада треба да преземе мерки да ја блокира Англиската – САД ENG Википедија, како што направи и Турција, поради ФАЛСИФИКУВАЊЕ Историја! Антички Македонци не биле Грци!

Оставете Коментар