Името не влијае врз туризмот меѓу двете земји, велат грчките хотелиери

Разговорите околу разликата за името на Македонија меѓу Скопје и Атина немаат влијание врз туризмот и брзојот на туристите што од Македонија патуваат во Грција, тврдат грчките хотелиери, кои задоволно ги тријат рацете од приливот за време на велигденските празници.

„Мислам дека е одамна јасно дека политиката нема никаква врска со туризмот, односно дека не влијае негативно на туризмот во Грција и во Скопје. Очекуваме да видиме каков ќе биде исходот од преговорите меѓу Владата на нашата земја и Владата во Скопје“, изјави Григорис Тасиос, претседател на Туристичка организација на Халкидики.

Прашан дали евентуалниот договор позитивно ќе влијае врз туризмот, тој одговори дека односите се добри и оти тој лично не очекува какви било посебни промени.