Инцидент пред судот, му се слоши на „Бате Геле“

По изрекувањето на пресудата од две години затвор за Никола Груевски пред скопскиот кривичен суд се случи инцидент откако член на ВМРО – ДПМНЕ од Штип ги тресеше оградите со кои е обезбедуван судот по што му се слоши и мораше да интервенира брза помош.

Полицијата воопшто не интервенираше затоа што не дојде до контакт меѓу демонстрантите и полициските сили што го обезбедуваат судот.

Демонстрантот кому му се слоши е познат под прекарот Бате Геле кој постојано протестира пред судот откако започнаа процесите против Никола Груевски и Сашо Мијалков од страна на СЈО.

Неговото вистинско име е Ангеле Зафировски, познат како Бате Геле, а е жител на Штип.

Бате Геле е осуден на условна казна за упадот во Собранието на 27 април.