Инфлаторната спирала зеде замав во мај

Покрај за минорниот раст на бруто домашниот производ од 0,1 проценти во првото тримесечје годинава, Државниот завод за статистика денеска соопшти и за засилувањето на инфлацијата во мај, кога таа била 1,7 проценти повисока од истиот месец лани.

Цените на храната и на безалкохолните пијалаци, кои учествуваат со 39 проценти во потрошувачката кошница, пораснале за 1 отсто минатиот месец во споредба со мај 2017 година.

Цените на домувањето, водата, струјата, гасот и горивата, кои имаат втор најголем удел во кошницата од 13,6 проценти, паднале за 0,2 отсто во мај, но затоа транспортот, кој партиципира со 8 отсто, поскапел за 8,7 отсто минатиот месец.

На месечна споредбена основа, пак, цените на мало во мај се зголемиле за 1 процент во однос на април, кога биле 0,3 отсто повисоки од март.

 

Оставете Коментар