Инспектори на факултети, се „чешлаат“ критичари на власта

Инспектори на неколку државни инспекторати вршат темелни проверки на досиеа во неколку високообразовни институции каде што се истражува документација за неколку лица.

Инспекторите деновиве работат на најмалку два факултети на Универзитетот Кирил и Методиј во Скопје и на Универзитетот Гоце делчев во Штип.

Извори во академската заедница велат дека инспекторите имаат право да вршат проверки но за нив е чудно што исти такви проверки не се вршат ниту во тетовскиот Универзитет ниту на Штуловиот Универзитет на Југоисточна европа во Тетово.

Информациите од професорите кои дојдоа до expres.mk велат дека просветната и други инспекции поддржани од експерти од други владини служби анализираат документација поврзана со професори кои се критично настроени критичари на владата. И покрај реакциите од професорската фела блиска на владиниот врв сепак инспекторите не се повлекуваат.

Според овие информации налогот за инспекциски надзор го дал близок соработник на премиерот кој има лични причини за пресметка со дел од професорката фела.

Други информации од УКИМ велат дека се работи за обид за пресметка со таканареченото „Крило на претседателот Иванов“ односно професори и доценти блиски на шефот на државата на Правниот факултет при УКИМ.

Целта е да се најдат компромитирачки материјали со кои ќе се изврши притисок врз него да попушти при потпишување на законот за јазиците и договорот за именување на нови амбасадори во дипломатско конзуларните претставништа на РМ во странство.

Влезот на инспекторите на универзитетите е кршење на автономијата на универзитетот, велат членови на академската заедница.

Тие потсетуваат на почетокот на 20 век кога во вакви слични активности во времето на тогашните полициски функционери Љубе Бошковски и покојниот Пане Велев се вршеше невиден притисок врз професорот Љубомир Фрчковски кој беше критичар на владеењето на владата на Љубчо Георгиевски.