Интерпелација на министерот Никола Димитров!?

До архивата на Собранието на Република Македонија, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднела интерпелација за работата на министерот за надворешни работи, Никола Димитров, дознава „Магазин.мк“

На одржаната координација на пратеничката група вчера попладне, бил изразен револт од изјавата на министерот Димитров во која од собраниската говорница тој рече дека кога станува збор за македонската нација “се работи за нација со комплекс“, која талкала по минатото бидејќи не си го знаела својот идентитет.

“Се работи за нација со комплекс која мора да си бара назад 2.000 години корења. Александар Македонски ако го нема, ние не знаеме кои сме. Со тоа копањето назад што е комплекс на несигурност во себе и на инфериорност, дадовте аргументи на политичките сили во Грција кои не сакаат да има Договор. Изгубивме пријатели, од жртва, станавме луѓе кои се клоцаат“, рече Димитров.

Во образложението за интерпелацијата на Димитров се потенцира дека се работи за пониживачки однос кон македонската нација, нарушување на достоинството на македонскиот народ и навредата кон сите граѓани како припадници на нацијата.

Интерпелацијата за работата на Никола Димитров ги наведува и членовите 2 и 9 од Уставот на Република Македонија, за кои потпишаните пратеници од страна на опозицијата сметаат дека се прекршени со арогантната изјава за “искомплексираната македонска нација“.

Димитров: Срам ми е да ве слушам!

 

SHARE

17 Коментари

  1. Уште да кажат ШТО Е ПОГРЕШНО во изјавата на Димитров? Ги вреѓа вистината? Виновен им е Димитров што само нација со комплекс бара врски со личности од минатото со кои нема никаква врска? А кој бара интерпелација? Се знае – искомплексираните?

    • Погрешно кај Димитров е што е непресметлив и дволичен, а згора е и со комплекс на мразење Македонци. Димитров од збор Македонци добива нервниот напад и растројство, исто како и коментаторот кои подолу се претставува како „еден” и негира факт дека Димитров е луд.

      • Абе тролу комуњарски а ти да ми се фатеше мене т.е. не истата клетва да те најде и тебе. Изрод.

        • Зоран, ти си производ на пропагандата на ВМРО. Секој нормален човек во 21 век би се срамел да се служи со клетви и да зборува за клетви. Тебе Зоран, ВМРО те направи човек со ум од 19 век, да веруваш во клетви и вештерки, насекаде да гледаш непријатели и предавници, да се плашиш дека сите тргнале да ја уништат Македонија и македонскиот народ и тоа како – со додавање на географска одредница „Северна“ во името на државата. Така ли бе Зоран може да се уништи една држава? Зошто се водат војни ако може со промена на име да се уништи една држава и еден народ? Зошто не размислуваш со свој мозок?

          • А ти со чив мозок размислуваш? И дали воопшто размислуваш како успешен експеримент на ЦИА, слива калемена без корен-паразит. А за името, јазикот и идентитетот прочитај што уште спремаат грците и бугарите. Или и тоа не е важно?

  2. Што спремаат грците и бугарите за јазикот и идентитетот? Ќе ни` го сменат јазикот и идентитетот? Како бе Зоран се менува јазикот и идентитетот? Со тоа што грците и бугарите ќе речата дека нашиот јазик не е македонски јазик како еден од јазиците на Јужнословенските народи кој како македонски јазик (еден од јазиците на Јужните Словени) е запишан во ОН и дека ние не сме Македонци – дел од Јужнословенските народи како што е општо прифатено во светот? Што е важно бе Зоран? Тоа што сме – македонски народ, дел од Јужнословнските народи, кои зборуваат на македонски јазик како дел од јазиците на Јужнословнските народи ШТО Е ОПШТО ПРИФАТЕНО И ПРИЗНАЕНО во светот или тоа што СПРЕМАЛЕ Грците и Бугарите? Па тоа што сме го утврдила светската наука, а не ние или грците и бугарите. Ја заболе светската наука што ние велиме кој сме или што велат грците и бугарите кој сме биле ние! Како бе Зоран не ти е јасно. Кој сме и што сме утврдува СВЕТСКАТА НАУКА, а не ние, бугарите, грците. Што е важно бе Зоран? Она што е запишано во ОН, она што е признаено во светот, што го учат на Оксфорд, Харвард, на најпрестижните универзитети во светот или она што некој во Македонија, Грција или Бугарија ќе каже? Е Зоран, Зоран.

  3. Да како јазик и нација беше запишано во ОН ама тоа ќе го смените, а и оние од Харвард и Оксфорд кажуваа за штетноста од севрџанскот договор со Грција ама тоа не ти одговара и не го кажуваш.

    • Како ќе го смениме тоа што е запишано во ОН? Во ОН е запишано што вели светската наука, она што е званично прифатено од светската наука, а не што ние, грците, бугарите мислиме.

  4. Зоран, ајде вака. За да видиш што мислат 376 професори на најпознатите универзитети во светот побарај на гугл „macedonia evidence barack obama“.

    • Ајде, ајде, сите те познаваат како лудиот агент на Зајко, провален си и бегај од сајтот! Се гледа дека не си објективен. Ти си провокатор. Земи си паричка од Бихачка и не заебавај повеќе.

  5. ПРОФЕСОРОТ ИГОР ЈАНЕВ МНОГУ ЈАСНО ОБЈАСНИ СИТЕ НАШИ ПРОБЛЕМИ ОД 1993. ГОДИНА.
    СИТЕ ПРОБЛЕМИ ВО МАКЕДОНИЈА ПОТЕКНУВААТ ОД ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛОВИ во ООН! Ние 1993. сме примени под два ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛОВИ во ООН во однос на ЛЕГАЛНО пропишаните општи услови. Тие 2 НЕЛЕГАЛНИ УСЛОВИ (кои траат и по чин на приемот) се: 1. РЕФЕРЕНЦА; и 2. ПРЕГОВОРИ со друга држава-членка околу сопствениот правен идентитет (а ова е спротивно на принципот кои забранува мешање во внатрешните работи и внатрешната јурисдикција на една суверена држава). Со овие за нас ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛОВИ во ООН, се креира дискриминацијата и за нас НЕВИДЕН и НЕПРЕМОСТЛИВ проблем да мораме да се откажеме од својот идентитет и бидеме учесник во сопствен погром и уништување. СИТЕ ПРОБЛЕМИ ВО МАКЕДОНИЈА ПОТЕКНУВААТ ОД ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛОВИ во ООН! Русија треба да побара, прво преку СБ на ОН, а потоа и преку Генералното собрание на ООН Резолуцијата со која органот на ООН поставува прашање до Меѓународниот суд за правда да се изјасни за легалитет на ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛОВИ во ООН поставени на Македонија 1993. Потоа, со прифаќањето на ставот од Меѓународниот суд за правда дека се работи за НЕЛЕГАЛНА РЕФЕРЕНЦА или ДЕНОМИНАЦИЈА и НЕЛЕГАЛНИТЕ ПРЕГОВОРИ, во истата резолуција со која се прифаќа ставот се воспоставува уставното име РМ со које Македонија аплицираше 1993 во ООН

  6. ЛЕК ЗА ПРОБЛЕМОТ СО ИМЕТО ПОСТОИ! ДОГОВОР ЗА ИДЕННТИТЕТОТ НЕПОСТОИ!
    ВНИМАВАЈТЕ! Едно потсетување. Кога 1993. Рез. Советот за Безбедност 817 препорача прием на наша земја во ООН, но под реферирањето БЈРМ, за ова се гласаше следниот ден на 8 април 1993. во Генералното собрание на ООН. ВНИМАВАЈТЕ!
    Доколку некој од нашиве реагирал пред гласањето во Генералното собрание на ООН и искажал дека се работи за дополнителните услови за прием со референцата, тогаш Генералното собрание на ООН би ја ПРИФАТИЛА ПРЕПОРАКА НА СБ 817, но НЕ ВО ЦЕЛИНА, туку (со поддршката од една држава (пример Турција)) БИ НЕ ПРИМИЛА ВО ООН ПОД УСТАВНОТО ИМЕ!!
    Но од нашиве никој тогаш не направи приговор, никој не се побунил 1993, па Генералното собрание на ООН гласаше за верзијата на рез. што ја прими од СБ, без расправа!
    Да некој се побунил тогаш во 1993, ние би биле примени без референца и со уставното име во ООН!!

Оставете Коментар