Интерпол избра нов претседател

Ким Јонг-Јанг од Јужна Кореја е избран за нов претседател на Интерпол со двогодишен мандат, објави  АП.

Фаворит во трката за претседател на оваа меѓународна организација беше Русинот Александар Прокопчук, кој е и актуелен потпретседател на Интерпол.

Критичарите на Кремљ за него истакнуваа дека бил близок до претседателот Владимир Путин, а против него лобираа Белата куќа и нејзините европски партнери.

Државниот секретар на САД Мајк Помпео синоќа изјави дека САД „силно го поддржува“ кандидат на Јужна Кореја за функцијата претседател на Меѓународната полиција – Интерпол, а претходно и Советот за национална безбедност на САД и американски сенатори излегоа со изјава во која побараа да се спротивстават на изборот на Прокопчук.

Ким ќе биде претседател до 2020 година и ќе го заврши четиригодишниот мандат на неговиот претходник, Менг Хонгвеј, кој беше уапсен во Кина.

Директорот на Интерпол на „распит“ во Кина

 

SHARE

Оставете Коментар