МВР вели има потрага, Интерпол не го бара убиецот на Саздо (ФОТО)

Меѓународната полициска асоцијација Интерпол на интернет воопшто не го бара го Јетон Љужа – третоосомничениот за убиството на Саздовски.

Според МВР по одлуката на Јавното обвинителство Интерпол од 28 јули го бара Лужа но на официјалната страна на Интерпол нема никаква потрага за Љужа.

Фејсбук групата #Следиме открива дека Интерпол воопшто не започнала формална потрага преку нивниот интернет портал.

На својот портал Интерпол бара 4 лица од Македонија а еден од бараните криминалци го има со две слики на порталот.

Посебен начин на потрага која што не мора да биде објавена на интернет е комуникација со националните полиции членки на Интерпол.

Јавното обвинителство потерницата за Лужа ја објави по реакциите на јавноста дури 20 дена откако почина Никола Саздовски а двајцата првообвинети беа притворени.

1 Коментар

  1. Pa ne e makedonec pa da go baraat. Zakonite vazat samo za nas. Tiranska platforma so kazni za makedoncite, dogovor so Bugarija kazni za makedoncite, dogovor so Grcija pak kazni za makedoncite. A so tiranskata amnestija za siptrite.

Comments are closed.