Грчката полиција уапси тројца странски државјани како осомничени за смртта на 25 годишниот Никос Мустакас, кој паднал од карпа минатата недела.

Двајца Пакистанци (17 и 26 години) беа уапсени на граничниот премин Идомени, додека се обидувале да ја напуштат Грција, а Ирачанецот бил уапсени во Атина.

Тројцата осомничени го признале делото, но негирале дека го турнале Никос Мустакас од карпа. Тие тврдат дека се обиделе да го ограбат него и неговата девојка и му се заканувале со скршено шише. Младиот човек се спротивставил, се сопнал, се лизнал и паднал во амбисот

Двајца од осомничените биле идентификувани од девојката на Никос.

Полициски извори велат дека осомничените по грабежот ги исклучиле своите мобилни телефони и профилите на социјалните мрежи. Тие, исто така, велат дека сите тројца биле апсени во минатото за слични напади.

Мајката на Никос го обвини премиерот Алексис Ципрас за „негрижа“ и го обвинии го за неуспех да ја засили безбедноста во Атина.