Ирските консултанти за референдумот советуваат интернет контрола и разбивање на опозицијата

Мониторинг на опозициските активности на интернет и сајбер истраги за анонимните лидери на противниците на референдумот со цел да се преземат дејствија против нив се само дел од советите за организаторите на кампањата „За“ дадени од најмениот ирски консултант Квентин Оливер.

Оливер е основач на консултантската компанија „Стратагем“, која ја основал во 1998 година, откако учествувал во кампањата за ирскиот мировен договор.

„Колку и да се организираат рационални дебати, тоа нема да биде доволно да се спречат јавните пројави на незадоволство“, советува Оливер и затоа предлага, „намерно создавање на контролирани вентили преку кој би издишал бунтот на населението“.

Меѓу другото, тој предлага национални анкети преку паметни телефони, кои би обезбедиле увид во поддршката на јавноста за референдумот (веќе спроведени, но не на радост на организаторите н.з.)и ангажман на видни поддржувачи на референдумот кои би им се обратиле на очекуваните демонстрации (тоа не помина, очигледно, н.з.)

„Од огромна помош би биле онлајн петициите, фејсбук страниците, твитер акаунти и веб-страници кои би пренесувале опозициски соджини, но би биле под контрола на организаторите. Тие би овозможиле пенетрација меѓу опозиционерите и нивно разбивање“, вели Оливер во дописот со совети.