„Исцелител“на Ставрески македонски кандидат за „Оскар“

Филмот „Исцелител“ во режија на Ѓорче Ставрески ќе биде национален кандидат на Република Македонија за наградата “Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје” за 2019 година, одлучи Комисијата за избор на македонски кандидат при Друштвото на филмски работници на Македонија

Во конкуренција за кандидатурата беа и филмовите: „Враќање“ во режија на Кастриот Абдили, „Година на мајмунот“ во режија на Владимир Блажевски, „Незаборавна пролет во заборавено село“ во режија на Куштрим Бектеши, и „Здивот на ангелот“ во режија на Јани Бојаџи.

SHARE