Исчезна 15 годишно девојче, родителите молат за помош

Викторија Настевска (15) од село Суводол, демирхисарско, е исчезната, а нејзините родители бараат помош за да се пронајде. Последен пат е видена вчера во 13:30 часот пред средното медицинско училиште во Битола каде што учи и од тој момент и се губи секаква трага.

Родителите ги замолуваат сите кои имаат некакви информации да ги контактираат на 078 425 497 или 075 310 664 .

Инаку, случајот вчера во 17:25 часот  е пријавен во Полициската станица во Демир Хисар, а е објавено во денешниот билтен на МВР.

С.Н.(36) од село Суводол пријавил дека нејзината 15-годишна ќерка излегла истиот ден и не се вратила. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.