Исчезнал директорот на Интерпол!?

Француската полиција започнала истрага откако сопругата на директорот на Интерпол, Менг Хонгве, објавиа дека нејзиниот сопруг исчезнал.

Сопругата на директорот на Интерпол, која живее во Лион, каде што е седиштето на меѓународната полициска организација, ја повикала полицијата бидејќи не се слушнала со нејзиниот сопруг откако отпатувал за Кина кон крајот на септември.

Од Интерпол не биле достапни за коментар.

Според интернет страната на Интерпол, Менг, пред функцијата во Интерпол, бил помошник на кинескиот министер за јавна безбедност.