Исчистете го вашиот електронски отпад без да излезете од дома и заработете

“ИСЧИСТЕТЕ ГИ ВАШИТЕ ДОМОВИ ОД СТАРИ И НЕИСПРАВНИ АПАРАТИ!”, е мотото на акцијата со која граѓаните на главниот град можат да ги решат проблемите со старите и неупотребливи електрични апарати.

ЕКОН ЕЛЕКТРОН заедно со ЕКОЦЕНТАР 97 Скопје, започнаа нова акција за собирање на електронскиот и електричен отпад од домаќинствата во пошироката околина на Скопје.

Сите оние кои имаат стари и неупотребливи електрични апарати или електронски уреди потребно е само да се јават на контактниот број 078 44 00 33 и да го договорат примопредавањето на апаратите.

На овој начин граѓаните ќе можат да се ослободат од непотребните и штетни за околината електронски и електрични уреди, без да имаат трошоци за транспорт до законски предвидените собирни места, и воедно да добијат соодветен паричен надоместок на нивна сметка.

Акцијата е предвидено да трае до крајот на месецот, ќе ги опфати Скопје и околината со подигнување на уредите директно од пред вашиот објект (куќа, зграда).

За повеќе информации, за листата на уреди и надоместоци, на www.ekonelektron.mk или преку контактниот број 078 44 00 33.

ЕКОН ЕЛЕКТРОН ДОО е лиценциран колективен постапувач со е-отпад, основан од страна на „Горење“, „Сетек“, „Агротехна“ и „Римеко“. Денес располага со 40 собирни места за мали уреди низ целата држава и 2 собирни центри.

Заедно со своите членови и партнери досега има спроведувано повеќе слични акции, со над 35 тони собран е-отпад, во склад со законските регулативи и потребата за заштита на животната средина од опасни и штетни
отпадоци.

Оставете Коментар