Loading...

Според податоците на ЦИА за 2017 година, Хрватска е меѓу седумте европски држави кои имаат негативна мигрантска стапка: повеќе луѓе се иселуваат отколку што земјата прима.

Разликата меѓу оние кои се иселуваат и оние кои имигрираат во земјата е загрижувачка пишува „Вечерњи лист“ што значи дека земјата нема да може да го надомести  недостигот на работна сила со „увзоз од надвор“, како што тоа го прават побогатите европски членки бидејќи  не можат да понудат повисоки цени на пазарот на работна сила.

Податоците покажуваат дека ситуацијата била полоша од таа во Македонија и во Босна и Херцеговина кои, исто така, имаат негативна мигрантска стапка.

Се додека правниот систем и ситуацијата во земјата  не се промени, ќе биде тешко да се задржат младите Хрвати во земјата и да се привлечат странци.

Луксембург, Кипар, Шпанија, Норвешка, Белгија Шведска, Австрија и Швајцарија, Ирска и Исланд се земји кои најмногу привлекуваат мигранти, додека најлоши, покрај Хрватска се Молдова, Латвија, Литванија, Турција Албанија и Естонија.