Исмајлоска – Старова: Ако владата ги исполни 4-те барања ќе гласам за промена на уставот

Експратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Нола Исмајлоска-Старова, за „Макфакс“ вели дека не се кае што гласала за отпочнување на процесот за уставни измени, а најголема поддршка како што вели, добила од сопартијците. Исмајлоска-Старова вели дека постапила според сопственото убедување, а ги отфрла шпекулациите дека добивала закани за да гласа.

„Мојата постапка е исклучиво водена од желбата за просперитет на Македонија“, вели Исмајлоска-Старова за „Макфакс“.

Исмајлоска-Старова повтори дека доколку Владата подаде рака и ги прифати барањата на осумте пратеници за дополнување на амандманите, таа ќе гласа и за уставните измени.

„Процесот е започнат. Доколку Владата подаде рака за точките кои сметам дека ќе внесат мир кај народот, ќе ја добијат мојата поддршка. Ние мора да застанеме на нозе и заеднички да го спроведеме овој процес до крај“, тврди Исмајлоска-Старова.

Линк до целата информација на агенцијата макфакс.мк