Историски речиси 40 милиони странски туристи во Турција

Турција граби кон нов рекорд откако годинава земјата угостила речиси 40 милиони туристи.

Според статистичките податоци, годинава Турција ја посетиле 38,5 милиони странски туристи.

На 19 ноември, кога се одржа церемонијата на завршувањето на изградбата на морскиот дел од гасоводот “Турски поток”, на која присуствуваа претседателоте на Русија и Турција, Ердоган се пофали со уште еден рекор:

Во првите девет месеци годинава, повеќе од 5,1 милиони туристи од Русија ја посетија Турција, што е најдобар резултат во изминатите неколку години.

SHARE

Оставете Коментар