Европската канцеларија за борба против измами (OLAF) спроведува истрага за наводно лошото раководење со средствата од Европската унија предвидени за подобрување на животните услови на илјадници мигранти и баратели на азил заробени во Грција, објави Политико.

Портпаролот на OLAF, изјави дека истрагата е започнат по информациите доставени од Генералниот директорат за миграции и внатрешни работи на Европската комисија минатата година.

„Фактот што OLAF го испитува прашањето не значи дека сите вклучени лица извршиле неправилност/измама“, изјави портпаролот за Политико.

Во саботата, тројца грчки новинари беа уапсени по жалбата на лидерот на помалиот коалициски партнер во владата,  Панос Каменос, во врска со напис во весникот „Филелефтерос“, во кој се изразува сомневање за несоодветното трошење на пари од ЕУ-фондовите наменети за центрите за мигранти, пишува „Катимерини“.

Според статијата, средства добиле бизнисмени блиски до Каменос.

Грчки новинари притворени по жалба од министерот Каменос

SHARE