Италијански војници умираат од „балкански синдром“

Емерико Марија Лачети тврди дека му бил дијагностициран „огромен тумор“ на белите дробови по враќањето од Косово.

Полковникот на италијанскиот Црвен крст, Лечети,  од Косово заминал во јули 1999 година. На Косово имал задача да помага на населението и неретко вдишувал прашина и честички веднаш по бомбардирањето и смета дека туморот бил директна последица на изложеноста на јонизирачко зрачење.

За „Новости“ тој раскажува дека проблемите со дишењето започнале во ноември, на крајот на декември било потврдено дека има огромен тумор по што бил изложен на хемотерапија. Но, тоа не било с, сега има проблем со коските, со рамења и лактови, има вештачки колк…

„По долга судска битка, Судот во Рим во 2009 година, му признал на Лачети дека бил „жртва на должноста“ а како причина е наведеноа изложеноста на јонизирачко зрачење, по што добил и делумна компензација во 2012 година.

Основачот на Воената опсерваторија Доменико Леџеро, уште на 24 март 2009 година објавил дека  тогаш веќе имало 2.558 италијански војници заболни од изложеност на осиромашен ураниум и дека 171 од нив починале. По повеќе од девет години по бомбардирањето на Косово, жалби во сидењетои протести и формирање на комисија да ги испита случаите биле исплатени првите 30 милиони евра за компензација на жртвите на осиромашен ураниум, го пренесуваат белградски медиум пишувањето на „Новости“.

За таканаречениот „Балкански синдром“во 2016 пишуваше и BalcanInsight. 

Според последните податоци, пишува весникот, од 1999 година до сега починале 359, а заболени се повеќе од 4.000 италијански војници кои биле изложени на осиромашен ураниум, меѓу кои голем број на оние кои биле во Косово.

Заповедник Џузепе де Биаси (41) е најновата жртва на рак во редовите на италијанската армија:  Де Бијази служел во Босна и Херцеговина (1999), во Косово (2003), во Авганистан (2010) и во Либан (2012), дознава „Новости“.