Иванов денеска пред Генералното собрание на ОН

Обраќање на генералната дебата на 73 сесија на Генералното собрание на ОН на тема: „Да ги направиме Обединетите нации релевантни за сите луѓе: Глобално лидерство и заедничка одговорност за мирни, рамноправни и одржливи општества“ ќе има денеска македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов.

Вчера, Иванов, заедно со својата сопруга, Маја Иванова, присуствуваше на прием организиран од страна на американскиот претседател, Доналд Трамп, информираа од неговиот Kабинет, а средбата била организирана за шефовите на делегациите на Генералното собрание во Њујорк.

SHARE

Comments are closed.