Иванов до Заев: Не го плаши народот и не преговарај за името по телефон

Loading...

Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, оценува дека вчерашната изјава на претседателот на Владата на Република Македонија, г. Зоран Заев, дадена во емисијата „Топ Тема”, дека евентуалното отфрлање на договорот со Грција ќе ги загрози перспективите на Република Македонија за влез во ЕУ и НАТО и зголеми внатрешните опасности претставува очаен обид за манипулација на јавноста и наведување на македонските граѓани во пресрет на евентуално референдумско изјаснување.

“Стратешките определби на Република Македонија за членство во Европската Унија и во НАТО се јасно дефинирани и непроменети. Зачувувањето на уставното име и изнаоѓањето на решение кое нема да предизвика уставни промени, во никој случај не е насочено против интеграцијата на Република Македонија во Европската Унија и НАТО. Склучувањето на меѓународен договор содржан во еден или повеќе поврзани меѓусебни документи треба да биде во согласност со Уставот на Република Македонија, а не да предвидува негова измена”, смета претседателот Иванов.

Во врска со повикот на премиерот Заев за поддршка на евентуалниот договор од страна на сите политички чинители, претседателот Иванов уште еднаш укажува дека е потребен широк национален консензус за изнаоѓање решение кое нема да го наруши достоинството на македонскиот народ и граѓаните.

Претседателот Иванов смета дека е несериозно и неодговорно прашањето за името, кое е исклучително важно прашање за граѓаните на Република Македонија, и наметнати технички барања, да се решаваат телефонски и по пат на личен договор меѓу премиерите на двете држави.

4 Коментари

  1. Со губење на името, СЕ ГУБИ и Територијата!
    Договорот треба да се отфрли, бидејќи ке биде предмет на понатамошните уценувања со идентитетот од Грција, оти до крајот на процесот на приклучување во ЕУ, Грција ќе добие простор за ставањето се нови, и нови, и нови…идентитетски услови. Во секоја фаза Грција ќе може да ни стави ВЕТО, а Македонија ќе мора сите нивните апетити и каприци да ги исполни.
    На крај со доведување во прашање на суверенитетот, посебно со бришење на идентитетските компоненти (те. ЈАКНЕЊЕ НА ДРУГИ ИДЕНТИТЕТИ внатре), Македонија ќе го доведе во прашањето и ТЕРИТОРИЈАЛЕН ИНТЕГРИТЕТ. Ова е и најопасна безбедносната димензија.
    Со други зборови, епилогот на оваа авантура со името ќе биде губење на територијата на Македонија, бидејќи не-суверениот актер ќе стане предмет на апетитите од соседните држави околу Македонија.
    Она што е битно да се разбере е дека со губење на името, СЕ ГУБИ и Територијата!
    Ниту НАТО во еден таков развој на случувања може да го спречи распадот на Македонија.
    Судбината на Македонија ќе наликува на распад и распадната Југославија.
    Најголем „колач” од територијата на сегашната Македонија ќе земат шиптарите (сојузници на НАТО).

  2. СПОРЕД УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА САМО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА ПОТПИШУВА ВАКВИ ПОЛИТИЧКИ ДОГОВОРИ! И НИКОЈ ДРУГ!

  3. Јас незнам што повеќе се чека, претседателот Иванов до сега требаше да го разреши Заев од фунцијата премиер, ова е чист срам и грев за Македонија… Заев деген со тешка дијагноза, а овој Иванов очигледно муда нема да ја превземе правдата ! катастрофа

Comments are closed.