Премиерот Зоран Заев и МНР, Никола Димитров, претпладнево имаа средба со ретседателот Ѓорѓе Иванов на која го доставија договорот Ципрас-Заев за решение за спорот со името.

Само две минути траела средбата меѓу Иванов со Заев и  Димитров. Иванов ги прашал дали ја имаат на писмено спогодбата со Грција и откако добил потврден одговор, претседателот рекол дека нема потреба да го продолжат состанокот, се дознава од извори на Кабинетот на шефот на државата.

„Премиерот Заев и министерот за надворешни работи Димитров имаа конструктивен обид за презентација и за дискусија на содржината од договорот, но претседателот Иванов го прекина и го напушти состанокот и одби да разговара за придобивките од овој историски договор за македонската иднина“ соопштија од прес-службата на владата.