Иванов: НАТО и ЕУ да не бидат алиби за лош договор со Грција

Претседателот Ѓорѓе Иванов денеска оствари средба со генералниот секретар на НАТО Јанс Столтенберг на која потврди дека не се спорни македонските аспирации за членство во ЕУ и НАТО.

„Верувам дека вистинското место на Република Македонија е во Европската Унија и НАТО Алијансата. Ќе продолжам да ги поддржувам нашите стратешки цели. Ho, Европската Унија и НАТО во никој случај не смеат да бидат алиби за лош договор“, порача претседателот Иванов, како што пренесоа од неговиот Кабинет.

 

SHARE

Comments are closed.