„ Ако нашиот претседател Ѓорге Иванов повторно не го потпише Договорот за името со Грција, тогаш ќе има референдум, кој ќе се одржи на крајот на септември, на почетокот на октомври, изјави македонскиот премиер Зоран Заев, за БГНЕС.

Македонскиот премиер денеска во Софија учествуваше на екониомскиот Форум „16+1“

Премиерот смета дека политичарите ќе мора да го почитуваат гласот на народот. „Тогаш кој треба да гласа, ќе гласа, а кој треба да потпише, ќе потпише, бидејќи ние им служиме на граѓаните“, рече тој.

Заев се надева дека Ѓорѓе Иванов сепак ќе го потпише договорот.

„Тој не може да го блокира процесот. Ако не го потпише сега, тоа ќе мора да го направи по референдумот“, вели македонскиот премиер.

Запрашан од новинарот на БГНЕС дали ќе има импичмент на претседателот, ако тој не го потпише договорот, Заев изјави дека сите опции се можни и потврди дека единствениот пат за неговата земја е полноправно членство во НАТО.

Во тоа се убедени и мнозинството Македонци, изјавил Заев за БГНЕС.

3 Коментари

    • Преку Генсек на ООН тн. Договорот од Преспа треба да се прогласи за НИШТОВЕН! Претседателот е на потег!

Comments are closed.