Шефот на македонската држава, Ѓорѓе Иваов, денека од Софија ги отфрли критиките дека тој бил пречка за стабилноста во регионот со тоа што не дал поддршка на договорот Ципрас-Заев постигнат неделава.

„Секој претседател полага заклетва кога стапува во мандат…“ изјави денеска за бугарски медиуми македонскиот претседател. Тој вели дека се заколнал дека ќе го почитува Уставот.

„Не можам да прифатам акт што е во спротивност со законите на Република Македонија“.

Иванов рече дека договорот постигнат со Грција бил личен чин и дека „со него не се затвораат, туку се отвораат многу прашања и се создава многу голема неизвесност и несигурност како за Македонија, така и за регионот“, изјавил Иванов, како што пренесе агенцијата БГНЕС.

 

Претходно, бугрски медиуми јавија дека премиерот Бојко Борисов,(а по  наредба од премиерот) и министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева, одбиле средба со македонскиот премиер.

Причина, наводно, било одбивањето на иванов да даде поддшка на договорот Заев-Ципрас за идното име на Македонија.

3 Коментари

  1. Велиш должен си да го почитуваш Уставот. Па зошто не го почитуваш? Уставот бара од тебе да дадеш мандат на кандидат на партија или коалиција која има мнозинство во Собранието. Зошто го прекрши Уставот? Уставот бара да потпишеш закон кој е вторпат изгласан. Зошто го прекрши Уставот? Велиш не можеш да прифатиш акт кој е во спротивност со законите. Каде тебе Уставот ти дава право да цениш дали нешто е во спротивност со законите, па според тоа да даваш мандат или да не даваш, да потпишуваш или не потпишуваш акти? Уставот вели дека ти СИ ДОЛЖЕН да дадеш мандат, дека СИ ДОЛЖЕН да потпишеш закон кој по втор пат е изгласан. Ако не можеш да го спроведуваш Уставот што не си дадеш оставка? Македонија има Уставен Суд кој ја цени уставноста и законитоста. Ти не си тој кој ќе го правиш тоа. НЕ СИ ПРЕЧКА ЗА СТАБИЛНОСТ ВО РЕГИОНОТ??? Ти ли ќе кажеш дека не си пречка? Ти можеби мислиш и дека си најпаметен во регионот. Твоето време е од давно завршено. Кога тоа би го знаел би било добро и за Македонија и за тебе.

  2. @еден

    Не, копито предавничко, вашето време на шарен морален релативизам и лижење белосветски ануси за лично богатење допрва завршува. Нема да си лежите, туку ќе си висите…!

Comments are closed.