Претседателот Ѓорге Иванов  вели дека се небулозни обвинувањата дека имало план да биде прогласена воена состојба на 27 април изнесени во дел од сведочењата во судот.

Според него исказите на обвинети во судот и поврзувањето на неговиот Кабинет со случувањата во Собранието се очаен обид да се сврти сето внимание од вистинските креатори на се она што се случи во Собранието  на 27 април и да се пренасочи кон претседателот.

„Имаше изјава и од обвинителка. Имаа и изјава од армија, имаше и соопштение од Кабитетот.

Веројатно нашите изјави  и изјавите на сите што ги наброив се поквалитетни, многу поиздржани, отколку изјава на еден обвинет кој прави се да избегне тоа што му следува“, изјави Иванов пренесе „ТВ Алфа“.

 

SHARE

Оставете Коментар