Иванов против „личен договор“ меѓу Заев и Ципрас!

Претседателот на Република Македонија вели дека целиот процес околу името наликувал на личен договор меѓу премиерот Заев и премиерот Ципрас.

Ѓорге Иванов, денеска, како што беше најавено, го прими министерот за надворешни, Никола Димитров, на која шефот на македонската дипломатија усно го информирал за последните случувања поврзани со разговорите за прашањето за разликата околу името.

Димитров не приложил никаков писмен документ, се вели во соопштението од Кабинетот кое следуваше по средбата.

Иванов на средбата истакнал дека непридржувајќи се кон законските одредби за склучување на меѓународни договори, целиот процес наликува на личен договор меѓу двајцата премиери.

„Целиот процес наликува на личен договор меѓу премиерот Заев и премиерот Ципрас, за што нема обезбедено национален консензус во Република Македонија. Мојот став е дека не прифаќам решение за прашањето за името за севкупна употреба, или ерга омнес“, смета македонскиот претседател.

Претседателот подвлекол дека склучување на меѓународен договор треба да биде во согласност со Уставот на Република Македонија, а не да предвидува негова измена.

SHARE