Иванов сака да види „црно на бело“ како се водат преговорите

Претседателот на Република Македонија преку писмено соопштение побара  од премиерот Зоран Заев написмено да биде известен за текот на преговорите за името со Грција.

„Во недостиг на клучни документи, а со цел обезбедување на поширок консензус за прашањето за името, претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов го охрабрува претседателот на владата на Република Македонија Зоран Заев да ги достави предлогот за водење на преговори со уставна основа, нацртот на договорот, како и ставовите на делегацијата во водењето на преговорите, пишува во соопштението објавено во јавноста од Кабинетот на претседателот.

Претседателот Иванов останува на ставот дека не прифаќа решение за прашањето за името за севкупна употреба.

SHARE