Иванов сè уште го чека од Заев предлогот за името написмено

Трет ден откако премиерот Зоран Заев го брифираше државно-политичкиот врв за предлогот „Република Илинденска Македонија“ тој до претседателот Ѓорге Иванов не доставил писмена верзија од него.

Иванов во саботата по лидерската средба не сакаше да коментира без да добие написмено тоа што го говорел Заев.

Потегот на шефот на државата денеска се покажува како многу логичен откако Заев и Димитров завчера и вчера во јавноста излегоа со дијаметрално спротивни објаснувања за јазикот. (Види линк подолу)

Кој лаже за јазикот, Заев или Димитров? (ФОТО)