Иванов вели дека нема да подлегне на притисоци

Грчки медиуми ја пренесуваат реакцијата на претседателот Ѓорѓе Иванов, на вчерашното интервју на македонскио тпремиер Зоран Заев за ЕРТ.

Во интервјуто, Заев изнесе мислење дека шефот на државата ќе го поддржи договорот со Грција за името.

„Претседателот Иванов не ја промени својата позиција и никаква форма на притисок, уцена или закани нема да го смени“ се вели во реакцијата на Кабинетот на претседателот во која меѓу другото се вели:

„Премиерот Заев со своите променливи, контрадикторни и конфузни ставови продолжува да ја лаже и манипулира не само македонската, туку и грчката и меѓународната јавност. Членството на Република Македонија во Европската Унија и НАТО, не смеат да се злоупотребуваат за прифаќање на штетен Договор со несогледливи последици по македонската држава и македонскиот народ. Македонскиот претседател не прифаќа Договор на штета на македонскиот национален идентитет и на штета на интересите на Република Македонија. Ставот на претседателот Иванов е непроменет и нема да го поколебаат никакви притисоци, уцени и закани“, стои во соопштението.