Претседателот Ѓорге Иванов, в недела, 11 ноември, во Париз ќе учествува на свеченото одбележувањето на 100-годишнината од завршувањето на Првата светска војна.

Иванов, на прославата каде ќе допатуваат претседатели на држави или влади на над 60 држави од светот, ќе патува на покана на шефот на француската република, Емауел Макрон.

Претседателот ќе се обрати на еден од панелите на конференцијата насловена како Париски мировен форум.

Поканата има посебно значење, зашто со овој гест и Република Македонија се вбројува во редот на државите, кои ги почувствувала ужасите и страдањата на војната и на чија територија се протегал дел од познатиот солунски или македонски фронт, чие пробивање во август-септември 1918 година го забрзал процесот на завршување на Првата светска војна.

Официјално, Првата светска војна заврши во 11 часот, на 11 ден, од 11 месец во 1918 година.

 

SHARE

5 Коментари

  1. На Иванов му се заканува ИМПИЧМЕНТ! Ако сака да се спаси мора да даде дозвола Русите да тргнат во акцијата во СБ на ООН за прогласување преговорите пропаднати со предлогот СБ да даде препорака до Генералното собрание да ПРОДОЛЖИМЕ членството во ООН под уставното име Република Македонија!
    Ако предлогот на Русија пропадне треба:
    1. на истата седница на СБ Русија да бара СБ на постави барање до Меѓународниот суд за ДОПОЛНИТЕЛНИТЕ УСЛОВИ за приемот во ООН 1993 (кои се нелегални);
    2. Доколку, нема согласност за ваквата рез. Русија да даде изјава дека СБ е во блокада и опструкција, и по истите причини како 1947, да бара Генералното собрание на ООН да упати ваквата иницијатива до Генералното собрание на ООН за добивање на опишаното Советодавното мислење од судот за легалитет на дополнителните услови, при приемот во ООН, за Македонија.
    3. Потоа, Русија треба ваквата иницијатива и да иницира во Генералното собрание на ООН за добивање на Советодавното мислење од судот за легалитет на дополнителните услови за Македонија.
    4. Во меѓувреме, Иванов треба да повика сите држави во ООН да не признаат под уставното име Република Македонија.
    САМО НА ОВОЈ НАЧИН ИВАНОВ ЌЕ СЕ СПАСИ ОД ИМПИЧМЕНТОТ И ПРОГОН.

    5. Деталите на постапката, која треба да се прави види на Петицијата:
    https://www.change.org/p/united-nations-solution-to-the-name-problem-of-the-republic-of-macedonia-in-the-un

    • Едноставно кажано во одредените ситуации функциите на Советот за безбедност, кога е тој во блокада, ги презема Генералното собрание на ООН, како што е случајот и со ДОПОЛНИТЕЛНИТЕ УСЛОВИ за приемот во ООН, прв пат од 1947 (кои се променува и на нашиот случај со прием во ООН 1883). Овој аспект на делување е прифатен со Советодавното мислење на МСП од 1948, и не е оспорен ниту со Советодавното мислење на МСП од 1950. г. во кое оба органа на ООН (и СБ и Генералното собрание) се хиерархиски изедначена при приемот на државите во ООН (неопходна е препорака на СБ при зачленувањето).
      Вториот случај со преземањето функциите e кога Советот за безбедност е во блокада („пат позиција”), и кога овластувањата и функциите ги презема Генералното собрание на ООН, што беше институционализиран е според Рез. 377 А (1950) на Генералното собрание, а се однесува на случаи со директната агресија, кога во таквите случи СБ не е во состојбата да делува. Рез. 377 А на Генералното собрание (од 1950) е применета во 1956, кога од три држави е извршена агресија на Египет во 1956. Овој случај е познат како„ Тројна агресија” (од В. Британија, Франција и Израел) на Египет, а примената на директната надлежност на Генералното собрание (посред рез.377) е иницирана од Југославија. И така беше направен уште еден преседан битен за развојот на меѓународното право. Види: https://en.wikipedia.org/wiki/United_Nations_General_Assembly_Resolution_377

Оставете Коментар