Поранешниот претседател на Уставниот суд, Трендафил Ивановски смета дека земјата ќе влезе во длабока политичка криза ако Судот го спречи референдумскиот процес.

„Дрзнувањето да се оди на попречување на референдумот, референдум кој по својата содржина не значи обична работа, уште повеќе, имајќи во предвид во каква фаза се одвива, мислам дека таквото дрзнување на Уставниот суд би водело во една длабока политичка криза, рушење на државата и мислам дека треба да се изнајдат сили, свесни, во самиот Уставен суд, тоа да не се допушти“, вели Ивановски, како што пренесува „Алсат М“.

Ивановски вели дека овој референдум не е за зачленување во НАТО и Европската унија, туку само е за создавање услови за зачленување во НАТО и ЕУ и додава дека не би го изненадила било каква одлука на Уставниот суд.

Уставниот суд во среда треба да се изјасни за иницијативите поднесени од партијата „Левица“ и од Светски македонски конгрес кои сметаат дека , меѓу другото, Одлуката за распишување на референдумот не ги содржи сите законски предвидени елементи,  називот на прописот, образложение на прописот, референдумските прашања, видот на референдумот.

Судијка предлага стопирање на референдумот

 

SHARE

Comments are closed.