Ние како Исламската заедница во Република Македонија и муслиманите во Македонија се солидаризираме со Саудиска Арабија против сите мразачи кои се обидуват да наштетат на нејзиниот исламски и меѓународен статус бидејќи кралството е Правецот на муслиманите, пишува поглаварот на ИВЗ на Македонија Сулејман Реџепи во писмото испратено на 17 октомври до кралот на Саудиска Арабија, пишува мкд.мк.

Поводот за ова писмо се реакциите на голем број за држави против Саудиска Арабија по повод убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во конзулатот на оваа земја во Турција.

„Ваше височество, овие денови слушаме вести дека сaканото големо кралство минува низ тешка ситуација од сплеткари и мразачи кои се собрале да им наштетат на кралството на Саудиска Арабија. Но, семоќниот Алах е најдобар заштитник и во ова нема двоумење, бидејќи Саудиска Арабија е извор на две божји објави, Книгата на Алах и Сунетот на неговит пратеник. Од основањето на кралството од кралот Абдулазиз бин Абдулрахман, Алах да му се смилува, кралството го следи умерениот пат, посебно вашето височество крал Салман бин Абдулазиз и престолонаследникот принцот Мохамед бин Салман, Алах да ги заштити.Ваше височество, служителу на двете свети џамии, примете ги најдобрите и најскапите честитики од мое име како претседател на Исламската заедница во Репубика Македонија,  честитки на муслиманите на нашата земја за доприносот на кралството на Саудиска Арабија предводена од вашето височество, крал Салман Бин Абдулазиз Ал Сауд и престолонаследникот принцот Мухамед бин Салман, Алах да ги заштити, за исламот и муслиманите во сите земји во светот, особено на континуирана поддршка на нашата земја и нашиот народ, голема благодарност до вас“, пишува во писмото на  до кралот на Саудиска Арабија.

Телото на Кашоги пронајдено во бунар!?

Целата информација на мкд.мк

SHARE

Оставете Коментар