Изброиле колку лаги кажал Трамп како претседател!

Loading...

Даниел Деил, раководител на вашингтонското биро на „Торонто стар“ изјави дека ја направил „првата сеопфатна статистичка анализа на нечесноста на Трамп“ и открил дека лагите на американскиот претседател не се малку.

Минатата година, Трамп лажел за време на неговата инаугурација. Следниот ден, тој лажел за бројот на луѓе кои биле на инаугурацијата. Се чини дека Трамп лаже за сè, дури и за работи од кои нема корист, заклучува Деле.

Според анализата на „Торонто Стар“, Трамп изговорил 1.340.330 зборови од неговата инаугурација до 1-ви јули оваа година. Весникот пронајде 1.929 лажни изјави во тој период. Но Деле вели дека јавноста бара повеќе од само сурови броеви.

“Тие сакаат објаснување од нас зошто бројот на лажни изјави се зголемил од 2017…

Според Деил, „тоа покажува дека тој не само што зборува повеќе, туку покажува дека работите за кои зборува се повеќе и повеќе нереални“.

На пример, Трамп искажува „лажен збор“ на секои 19,4 зборови, тврди „Торонто Стар“. Во 2017 година, зборовите кои биле дел од лажен исказ изнесувале 3,8 отсто, додека податоците во моментов покажуваат зголемување од 7,3 отсто.

Анализата, исто така, покажува дека Трамп зборува повеќе отколку што претходно – дури 20 насто повеќе.