Изгаснат пожарот во зградата во Аеродром, нема повредени

Нема повредени во пожарот, што избувна попладне во подрумски простории на повеќекатница на ул.„Владимир Комаров“ во скопската општина Аеродром.

Поради се уште високата температура во просториите не може да се направи првична проценка на причинетата материјална штета, а дополнитело ќе се утврдува и причината за пожарот.

Во гаснењето учествуваа седум пожарни возила и 20 пожарникари.