Кога ќе дојде време Бугарија да ја изрази својата позиција за влез на Македонија во ЕУ, ќе си спомне на тие зборови и ќе ја донесе својата одлука.

Така премиерот Бојко Борисов ги коментираше зборовите на македонскиот премиер Зоран Заев, кој во телевизиското интервју за 1TV, од 4 август, изјави дека Илинденското востание е македонско.

“Без разлика дали е кажано намерно или не, одговорноста е на оној кој го изрекол“, изјави Борисов.

Според него, географскио встанието може да биде и македонско и тракиско, но историски е бугарско.

Борисов беше нападнат од лидерот на БСП, Корнелија Нинова, дека не реагирал на зборовите на Заев, “„бидејќи подоцна тоа може да се врати како бумеранг против Бугарија“, пишува бугарски „Дневник“ за изјавата на бугарскиот премиер која денеска е тема на сите бугарски медиуми.

SHARE

Comments are closed.